Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. До одлагање на рочиштетот дојде откако на минатото рочиште Судот ги прифати приговорите на дел од бранителите дека обвинението интегрирано со листата на докази не е доставена до обвинетите, и информираше дека тоа ќе им биде доставени.

До одложувањето дојде за да имаат бранителите време да се запознаат со дополнувањата на обвинението. 

За да нема проблем на одолговлекување на постапката, Судот донесе одлука главната расправа да продолжи со изјаснување по однос на оштетени побарувања и на кривичен прогон на присутните оштетени и законските застапници на оштетените. Присутните законски застапници на општетените пред Судот изјавија дека се приклучуваат кон кривичен прогон и дека своите права и оштетно побарување ќе ги остваруваат во граѓанска постапка.

Во меѓувреме во саботата, за време на „Маршот за ангелите“ во Кочани беше упатен повик „За вистинска правда. За Македонија со совест“.

Зачлени се на нашиот е-билтен