Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

„Пулс“
Судницата во Идиризово, Фото: Рацин.мк

Во судницата во „Идризово“ денеска треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во кој  загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, со сослушување на сведоци на предлог на Јавното обвинителство.

Претходното ова рочиште, коешто беше предбидено за 19 февруари беше одложено, затоа што четвртообвинетиот Гроздан Милковски беше на болничко лекување во Општата болница во Кочани.

Тогаш Кривиче суд извести дека „расправата насрочена за 19.02.2026 година се одлага заради влошена здравствена состојба на обвинетиот Г. М. кој се наоѓа на болничко лекување во Општата болница во Кочани“.

Во процесот се обвинети сопственикот на дискотеката, управителите, членовите на обезбедувањето, поранешни градоначалници на Кочани, градежни и пазарни инспектори, поранешни директори на Дирекцијата за заштота и спасување, поранешни министри за економија, службеници во Министерството за економија, за дејствија што ги преземале или не ги преземале во периодот од 2012 година до денот на пожарот, а поради што настанала катастрофата.

Зачлени се на нашиот е-билтен