Пролетта ништо не ја запира, од 21 март повеќе сонце и повисоки температури

Пролетта

До крајот на неделата во Скопје и во поголемоот дел од републиката се очекува променливо време со постепено затоплување. Пролетта ништо не ја запира.

Среда – четврток:
Променливо облачно со сончеви периоди. Можно е краткотрајно локално наоблачување, но без значителни врнежи. Температурите ќе се движат околу 12–16°C преку ден.

Петок:
Постабилно и посончево време. Утрините посвежи, а дневната температура ќе порасне до околу 17–18°C.

Сабота – недела:
Претежно сончево и потопло, со слаб до умерен ветер. Температурите ќе достигнат и до 20°C, што најавува пријатен, речиси пролетен викенд.

Кратка метео слика:
Неделата завршува во знакот на стабилизација на времето – без поголеми врнежи, со повеќе сонце и постепен пораст на температурите.

Зачлени се на нашиот е-билтен