Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за нестабилно време

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне се очекуваат услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.

Минималните температури ќе се движат од 10 до 19 степени, додека максималните ќе достигнат од 29 до 36 степени. Во Скопје, минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Според УХМР, и во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во недела попладне се очекува изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи, а во почетокот на новата седмица на повеќе места се предвидува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и можно појава на град.

Зачлени се на нашиот е-билтен