Во рамките на кампањата за подигнување на свеста за прифаќањето на различностите и инклузијата на лицата со атипичен развој, на 7-ми декември (сабота), ќе биде промовирана највеселата и најдругарската песна „Гуш и Бац“, која е вистинска химна за пријателството, љубовта и инклузијата.
Организаторите на настанот, авторите на музиката и текстот (Весна Малинова), изведувачите Мијата, Космонаутко (Денис Јанкуловски) и сите останати што учествуваа во музичката и видео продукција, како и во осмислувањето и организацијата на настанот, ветуваат дружба исполнета со пејачка радост и игри, на која сите деца, без оглед на нивните разлики, имаат право да се изразуваат, да играат и да бидат дел од сцената.
На настанот во Кинотека на Северна македонија ќе биде премиерно прикажувано на видео записот на песната „Гуш и Бац“, создаден со многу љубов и посветеност за прифаќањето и меѓусебната почит.