Пронајдено исчезнато момче по активирање на системот „Пронајди ме“ во Белград

Единаесетгодишно момче кое вчера исчезнало во Нов Белград е пронајдено благодарение на активирањето на системот „Пронајди ме“, соопшти белградската полиција.

Момчето, ученик во училиштето „Бранко Радичевиќ“, не се вратило дома по завршувањето на наставата, по што неговото семејство го пријавило исчезнувањето во полиција.

По активирањето на системот, граđаните во текот на целата ноќ добиваа известувања на мобилните телефони со детали за исчезнатото дете, пренесе агенцијата Бета. Благодарение на брзата реакција и соработката со јавноста, момчето било лоцирано и успешно вратено кај своите родители.

Системот „Пронајди ме“, кој се користи за итни случаи на исчезнување на деца, се покажа како ефикасен и клучен во ваквите ситуации, велат од полицијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен