Во декември 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесувала 43.587 денари, што е зголемување од 9% во однос на истиот месец во 2023 година, информира Државниот завод за статистика.
Зголемувањето на платите е најизразено во секторите како Административни и помошни услужни дејности (13,2%), Транспорт и складирање (12,3%) и Рударство и вадење на камен (12,0%).
Во однос на претходниот месец, најголеми зголемувања се забележани во секторите Рударство и вадење на камен (13,4%), Административни и помошни услужни дејности, Градежништво (7,0%) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (5,6%).
Просечната бруто-плата во декември 2024 година изнесувала 65.582 денари.