Проверени над 640 лиценци за градење, 97 ќе бидат одземени

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на прес-конференција соопшти дека во тек е контрола на СИТЕ издадени лиценци согласно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање.

Тој соопшти дека од досега извршената проверка констатирано е следното:

Од издадени над 1100 лиценци, вкупно проверени се 643 лиценци.

Кај 97 лиценци констатирано е дека по издавањето на лиценците правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои истите се издадени поради што ќе се донесат решенија за одземање на лиценците.

Изразено во бројки тоа значи:

-на 13 правни лица одземена им е лиценца А за изведувач на градби од прва категорија
-на 34 правни лица одземена им е лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија,
-на 2 правни лица одземена им е лиценца А за надзор над изградбата на градби од прва категорија,
-на 6 правни лица одземена им е лиценца Б за надзор над изградбата на градби од втора категорија,
-на 3 правни лица одземена им е лиценца А за проектирање на градби од прва категорија,
-на 20 правни лица одземена им е лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија,
-на 2 правни лица одземена му е лиценца Б ревизија на проектна документација на градби од втора категорија,
-на 1 правно лице одземена му е лиценца за управител за одржување на објекти од прва и втора категорија,
-на 16 правни лица одземена им е лиценца за изработка на урбанистички планови, соопшти министерот за транспорт Николоски.

Воедно тој најави и законски измени кои ќе придонесат за подобрување на состојбите во процесот на лиценцирањето.

Зачлени се на нашиот е-билтен