Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Прво избега Рамадани, потоа Гаши се шеташе, а сега мистериозно исчезна и Груби, СДСМ бара одговорност од Тошковски

Јалови се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја префрлат вината за бегството на Артан Груби врз СДСМ. Фактите се јасни, министерот Панче Тошковски дозволи Груби да избега и сè уште, 20 дена подоцна, не знае каде се наоѓа, реагираат од Социјалдемократскиот сојуз.

-Откако „случајно“ камерите не работеле, „случајно“ полицајците не провериле кого треба, и „случајно“ службеникот на границата – кадар на Тошковски – направил „грешка“, целиот товар на одговорноста паѓа на власта, велат од СДСМ.

„Границата со Косово стана канал за бегство на криминалците. Прво избега Блерим Рамадани, потоа Гаши безбедно се шеташе, а сега мистериозно исчезна и Груби. Јавноста има право да знае кој е политичкиот договор и која е цената за овој скандал,“ обвинуваат од СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен