Пука ли владината коалиција? Милошоски со критики за Филков

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, Министерот за правда Игор Филков има слаби перформанси.

Во Топ Тема на Телма, Милошоски ја коментираше работата на Филков, кој доаѓа од ЗНАМ, партија од владината коалиција.

Тој додаде дека очекувал од страна на Министерството за правда да бидат изработени до сега законски измени на одредени системски закони, меѓу кои и Предлог Закон за Јавно обвинителство, нов Кривичен законик, Предлог Закон за плати на судиите, но до ден денес истите ги нема.

„Ова е мој личен став. Јас сметам дека министерот за правда има слаби перформанси по однос на обврските кои што ги има преземено за реформите во правосудството“, кажа Милошоски.

Ваквата изјава на Милошоски доаѓа во период кога кај третиот коалициски партнер Вреди се случуваат внатрешни несогласувања, што укажува на сериозна нестабилност на владата по само 10 месеци.

Зачлени се на нашиот е-билтен