Пукање во Центарот за социјални работи во Прилеп – ранета е службеничка


Денес околу 14 часот вооружено лице упаднало во просториите на Центарот за социјални работи во Прилеп, при што со прострелна рана ранил службеничка во пределот на стомакот, пренесе Народен глас.

Службеничката од ЦСР е веднаш пренесена во ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ каде во моментот се извршува оперативен зафат.

Од страна на МВР се врши увид на местото на настанот, повеќе информации во текот на денот

Зачлени се на нашиот е-билтен