Пуштена во употреба втората делница од автопатот Кичево – Охрид

Од денеска во сообраќај е пуштена делницата Климештани – Охрид, долга 17 километри. Со тоа, повеќе од половина од автопатот Кичево – Охрид, кој е со вкупна должина од 57 километри, е веќе завршен и достапен за користење.

Новиот дел ќе овозможи побрзо и побезбедно патување, полесен пристап до Охрид и Струга, како и подобра поврзаност со Коридорот 8 и соседна Албанија. Очекувањата се дека автопатот ќе донесе зголемен број туристи и нови економски можности за регионот.

Изградбата на трасата беше особено сложена поради густата населба и потребата од нови пристапни патишта, но со тоа дополнително се унапредува инфраструктурната поврзаност на југозападна Македонија.

Зачлени се на нашиот е-билтен