Двајца работници во Македонија треба да работат, за да ја достигнат продуктивноста на еден европски работник. Ова го покажале истражувањата на работодавачите во земјава. Велат тие ги почитуваат законите и го испочитувале законското усогласување со кое минималната плата порасна за 1.800 денари
„Продуктивноста на нашите работници е на 50 проценти од продуктивноста на работниците во Европската унија, што значи дека на еден европски вработен требаат двајца наши вработени. Тоа е проблемот не само на работниците туку и на компаните, особено на малите и новоформираните компании, кои не дека не сакаат да имаат попродуктивни работни места и не дека не сакаат да имаат поуспешни компании, туку се соочуваат со проблемот на конкуренцијата“, изјави Владанка Трајкоска, претседателка на ОРМ.
Синдикалците остануваат на барањето минималната плата да се зголеми на 500 евра и да се покачат и останатите плати. Им порачаа на работодавачите дека за зголемување на продуктивноста, треба да ги покачат и платите. Велат револтот кај работниците е голем затоа што се најниско платени на Балканот и во Европа.
„Доколку планираат и понатаму да не ги плаќаат онака како што го прават тоа денеска, не може да очекуваат ниту зголемување на продуктивноста од една причина, нашите работници во Црна Гора, во Србија, во Хрватска, во Словенија, во Германија, во Австрија се продуктивни. Меѓутоа зошто? Затоа што таму платите се за три или четири пати повисоки од нашите“, изјави Трендафилов.
Од владата велат ќе испочитуваат се што ќе договорат работодавачите и синдикатите.
„Врз база на тој социјален дијалог е донесен и тој закон кој денес се почитува за минимална плата и ние максимално и коректно го почитуваме тој закон. За други законски измени кои би следувале понатаму сепак треба да има одреден социјален дијалог“, кажа Марјан Ристески, заменик министерот за економија и труд.
Но, со месеци нема социјален дијалог, ниту Економско-социјален совет бидејќи се уште не е утврдена репрезентативноста на синдикатите. Со тоа, со законското усогласување минималната плата во март се зголеми за 1.800 денари и сега изнесува 24.400 денари, со што остана меѓу најниските