Расмунсен: Гренланд не може никој да го припои, тоа е прекршување на меѓународното право

Шефот на данската дипломатија, Ларс Локе Расмусен, денеска изјави дека Гренланд не може никој да го припои, реагирајќи на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за можна анексија на Гренланд.

-Не можете да анектирате земја сојузник или која било друга земја, бидејќи тоа го прекршува меѓународното право, рече тој во интервју за ТВ 2.

Данскиот министер, исто така, изрази уверување во „поддршката на НАТО“ во контекст на претензиите на Трамп за островот, објави данскиот јавен сервис, додавајќи дека „не гледа желба меѓу Гренланѓаните да бидат Американци“.

За време на вчерашната средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека мисли дека ќе има анексија на Гренланд бидејќи тоа е неопходно „за меѓународна безбедност“.

Потоа, вршителот на должноста премиер на Гренланд Муте Егеде најави дека ќе иницира состанок на партиските лидери од островот.

Зачлени се на нашиот е-билтен