Раст на каматите кај депозитите, пад кај кредитите

Народната банка ги објави позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците. Имено, кај депозитите има годишен раст на просечаната каматна стапка на вкупните депозити од 0,38 п.п., при што во април таа изнесува 2,20%.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити, пак, бележи годишен пад од 0,40 п.п. и во април изнесува 5,11%.

Во април, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 3,87% и оствари пад од 0,39 п.п. и 1,60 п.п., на месечно и на годишно ниво, соодветно.

Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,34% и бележи месечен раст од 0,10 п.п., додека на годишна основа е намалена за 0,20 п.п.

Зачлени се на нашиот е-билтен