„Еден пратеник сега, бивш министер, бившиот претседател, еден бивш градоначалник, сите тие роварат без врска во СДСМ. Што е поентата на тоа роварање, не ми е јасно. Не ми е јасно што е идејата. Не мора да има лојалност, племенско–милитантна лојалност како таа кај вмровците, но елемнтарна лојалност треба. Фракција е ок. Најпросто речено, фракцијата на Заев доминира во овој период во партијата, но тоа е за разбирање во тие рамки“, рече поранешниот амбасадор во ОН и универзитетски професор Љубомир Фрчкоски во емисијата „Во центар со Васко Ефтов“.
Според него, опозицијата полека расте и тоа го покажа СДСМ на овие локални избори со консолидацијата која обезбеди дополнителни 20-30 илјади гласа во релативни бројки.
„Нејзиниот пад е помал поради неизленоста. Кога излесноста би била во просекот, тие би имале 20 – 30 илјади плус гласови. СДСМ сепак организира еден друг малцински дел од макеоднскиот народ кој е поскептичен, покилав, помек, поинтелектуален. Еден пограѓански слој, повоспитан слој на крајот на краиштата. Допопнително, таму некој си дозволува да ја ровари партијата, да ја доведува во прашање“, предупоредува Фрчкоски.
Тој вели дека од 1991 година сведочел различни екипи во СДСМ.
„Некои ми се допаднале, некои не. Некои сме ги третирале како исклучително глупави делови, но никогаш не сме си дозволиле да ровариме против партија која ни создава подобра клима во делот на социјалните, условно кажано невладини, граѓански делови, каде што сме биле послободни да работиме“, објаснува Фрчкоски.
Тој вели дека и Мицкоски поминал 4 порази до првата победа и ги издржа поразите и тоа драматични порази. Потоа тој го наведува прриодот кога во СДСМ шефица беше Шекеринска кога од 120.000 гласови на претседателски избори 2009, со акција, со операција обезбеду 240 – 260 илјади гласови.
„Сега е многу важна екипата која ќе се состави. Треба да има и „картали“, не само млади луѓе, и таа линија ќе има шанса веројатно на следните избори ќе има“, оцени Фрчкоски.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, оценува Фрчкоски, СДСМ е друга партија, која независно од сите проблеми, ги создава и носи сите прашања кои се конститутивни за државава и ги носи на свој грб, рече тој.
„СДСМ е партија која има структура и која има социјално ткиво кое се поврзува со неа и тоа долго трае, не ја потценувајте. Таа нема да го доживее ПАСОК ситуација, таа само полека ќе се крене. Сѐ уште е 2,5 пати посилна од третата партија независно за Скопје. СДСМ имал такви падови и се враќале. Ќе видиме како тоа ќе оди, зависи од структура на луѓето кои ќе продолжат“, рече Фршкоски во емисијата „Во центар со Васко Ефтов“.

