Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Реакција: Министерството за надворешни и денес со последиците од долгогодишнoто нестручно раководење на министрите од ВМРО-ДПМНЕ

Министерство за надворешни работи на РСМ

Во врска со денешната партиска трибина на ВМРО ДПМНЕ за работата и активностите на  дипломатијата на Република Северна Македонија, Министерството за надворешни работи го пренесува следното:

Министерството денес се соочува со сериозни системски недостатоци кои се резултат на долгогодишнo нестручно работење и длабоко партизирираниот пристап во водењето на институцијата во времето кога со МНР раководат министри од ВМРО-ДПМНЕ. Со денешната партиска трибина на ВМРО ДПМНЕ уште еднаш на јавна сцена ја видовме штетата која оваа партија ѝ ја нанесе на дипломатијата преку партизацијата на Министерството токму за време на министерувањето на лицата од трибината.

Изминативе години, во работењето на институцијата за прв пат не е важно партиското убедување на дипломатите кои со децении политичките партии ги делеле на наши и ваши. Покрај тоа, во овој иминат период под секое ниво биле сведени стручноста и непристраната работа на дипломатите и амбасадорите. Во тој период, за први луѓе по амбасадите биле праќани слаткари и слично – со кои тешко може да се изгради непристрасна и објективна професионална работа на дипломатите.

Дополнително би сакале да нагласиме дека досегашниот дипломат и синдикален лидер, Дабиќ, за жал целосно ги напушти принципите на дипломатијата, и уште повеќе, оние на синдикалното здружување. Постапувајќи строго според партиските амбиции, не само што го нарушува угледот на дипломатијата, туку ги загрози и можностите на вработените за вистинско синдикално претставување.

Од почетокот на мандатот на актуелниот министер, вработувањата, унапредувањата и испраќање на мисии се врши преку интерни огласи, согласно законските процедури, а овие активности се вршат според мерит-системот, почитувајќи го и принципот на етничка и родова дистрибуција.

Секој вработен имал и има можност покрај секојдневните обврски во Министерството, да биде вклучен во бројните работни групи и проекти изминатите две и пол години, неврзано за партиски, етнички или било какви други поделби, за што можат да посведочат самите вработени.

За крај би сакале да нагласиме дека денешното гостување на поранешниот амбасадор Дабиќ се случува само неколку дена по неговото заминување во пензија и не во стручна, објективна дебата туку на партиски собир, од каде малку е веројатно дека ќе се добие објективна слика за дипломатијата на Северна Македонија. Со ова тој само потврди дека неговото делување како претстедател на еден од синдикатите во МНР било мотивирано само од партиски и политички цели, а не од професионални и дека целта на тоа делување не било подобрување на условите за вработените во МНР туку негова лична промоција и себичен интерес, како и спроведување на интересите на политичката партија на која очигледно и припаѓа.

Министерството дополнително ќе достави детали до јавноста за работата на куќата во времето кога со МНР раководеле кадри на ВМРО ДПМНЕ. Во меѓувреме апелираме Дабиќ да престане да се занимава со институцијата, која беше системски уништена токму во времето на партијата со која денес јавно дебатираше. Синдикалното работење не подразбира да се добијат партиски насоки надвор од куќата“, пишува во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Зачлени се на нашиот е-билтен