Речиси 25.000 пријавени за вакцина против грип, почетокот се очекува до 25 октомври

Речиси 25.000 граѓани досега се пријавиле за вакцинација против сезонски грип преку платформата vakcinacija.mk, покажуваат податоците од системот „Мој термин“. Од Министерството за здравство информираа дека вакцинацијата се очекува да почне во периодот од 16 до 25 октомври.

Во земјава веќе пристигнаа првите 30.000 дози од јужнокорејскиот производител „ГЦ Биофарма“. Според Министерството, станува збор за тривалентната вакцина GCFLU Multi inj., а пратката е обезбедена преку заем во рамките на меѓународната соработка со УНИЦЕФ/Албанија.

До 15 ноември се очекува да пристигнат уште 26.000 дози од производителот „Санофи“. Во тек се разговори за обезбедување дополнителни 24.000 дози, со кои вкупната количина би достигнала 80.000 вакцини за оваа сезона.

Приоритетните групи за вакцинација ќе ги утврди Комисијата за имунизација, посочија од Министерството за здравство во информацијата за МИА.

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?