Само 59,7% од пратките во Пошта биле доставени навремено, што е далеку под пропишаните стандарди. Откриени се исто така непривалности во управување со имотот и јавните набавки, покажува ревизорскиот извештај на компанијата за 2023 година.
Ревизорите исто така препорачуваат итни мерки за подобрување на финансиската стабилност и квалитетот на услугите. Друштвото е во лоша финансиска ситуација од 2017 година. Најголема загуба била регистрирани во 2022 година во изнис од 3,7 милиони евра.
Исто така било утврдено дека нема точни и усогласени евиденции за земјиштето и градежните објекти. Дел од објектите, како што се две одморалишта во Охрид, се во лоша состојба и им треба санација