Повеќе родители во очај си ги бараат децата преку социјалните мрежи објавувајќи им фотографии и молејки за информации дали некој ги видел во неколкуте болници во кои се однесени повредените. од Јавното обвинителство и од МВР само известија дека работат на терен и се идентификуваат жртвите но очигледно никој не им јавил на родителите кои се хоспитизилираните. Меѓу нив има доста малолетници, а бројката на згрижени е голема.
И пред Болницата во Кочани се наоѓаат голем број на блиски и роднини на повредените и на починатите. Општинската организација на Црвен крст прави списоци за утврдување на идентитетот на загинатите лица.
Во Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје се хоспитализирани 27 лица со тешни изгореници, 24 на Клиничкиот центар, 18 во „8 Септември“, од кои двајца во критична состојба.
Повеќето од повредените лица сепак се кочанската општа болница каде се уште им се укажува медицинска помош.Поради сериозност на повредите здобиени како резултат на пожарот и вдишување чад дел од повредените се пренесени во Клиничката болница во Штип, во Градската општа болница „8 Септември“ и на Скопските клиники.