Премиерот Христијан Мицкоски денеска посетуваше пациенти во ГОБ „8 Септември“ кои се стекнаа со тешкоризични повреди по фаталната ноќ во Кочани. На медиумско прашање зошто семејствата не можат, а тој може да ги посетува, одговори дека неговата идеја е да испрати порака до јавноста.
- Во текот на вчерашниот ден посетив пациенти, во текот на денешниот ден исто така посетив пациенти. Ги запазив сите протоколи апсолутно што ми беа побарани од медицинскиот персонал. Јас никаде не влегов со камери и немам намера да правам ПР од тоа.
И самите фотографии се објавени од тилот на пациентот, секогаш многу внимателно. Тоа го правам за да покажам дека не се кријам,туку да излезам со вас да зборувам отворено и преку вас да се обратам до граѓаните. Тие пораки во овој момент сметам дека се важни за граѓаните. Ако сакате вие ништо не објавувајте,само оставете ме мене да си ја вршам работата, рече Мицкоски.
Тој рече дека во моментов трае акцијата за проверка на исполнување на законските услови за работа на сите кабареа и ноќни клубови,а за тоа зошто Државниот пазарен инспекторат ниту во периодот додека новата власт е на функција, ниту претходно, не направил контрола на дискотеката „Пулс“.
- Според законот од 2007, пазарниот инспекторат не е должен да го прави тоа, туку само да излезе на терен и постапува по пријава, додаде Мицкоски.