Ромската фондација за Европа со донација за семејствата на жртвите од Кочани

Ромската фондација за Европа соопшти дека ќе донира 10 илјади евра како поддршка за семејствата на жртвите од трагичниот настан во Кочани. Претседателот на фондацијата, Жељко Јованович, информира дека се потпишал во книгата на жалост во амбасадата во Брисел и лично изразил сочувство.

„Со длабока тага ги оплакуваме изгубените животи и иднината на 59 млади луге – следната генерациjа на Северна Македониjа. Семеjствата, приjателите и сите кои се погодени од оваа незамислива загуба се во нашите мисли и срца. Денес jа посетив амбасадата во Брисел за да изразам сочувство и солидарност“ напиша Јованович.

Тој истакна дека оваа трагедија е повеќе од лична загуба – таа е и показател за системски пропусти.

„Ова никогаш не смееше да се случи и не можеме да дозволиме да се повтори. Потребна е вистинска акциjа за заjакнување на системите што треба да ги штитат лугето, особено младите. Нека споменот на оние што ги загубивме биде повик за промена – за поодговорно општество, за безбедност и за иднина во коjа повеке нема да жалиме за трагедии што можеле да бидат спречени“ заклучува Јованович.

Донацијата од Ромската фондација за Европа има цел да им помогне на семејствата на загинатите, но и да испрати порака за солидарност и неопходност од системски промени.

Зачлени се на нашиот е-билтен