РСБСП: Состојбата со обележувањето на хоризонталната собраќајна сигнализација е на незадоволително ниво

Состојбата со обележувањето на хоризонталната собраќајна сигнализација во државата не е на задоволително ниво, особено во урбаните средини и затоа апелираме до сите општини и јавни претпријатија, задолжени за одржување и обновување на сообраќајната сигнализација, навремено да постапуваат и да обележат со цел да придонесеме за поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот, вклучително и пешаците, изјави Горан Ангеловски, претседател на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) на прашање на МИА каква е состојбата со обележувањето на пешачките премини во државата по повеќето несреќи кои завршија со трагични последици токму на пешачки премини.

Инаку, по повод Gлобалната недела за безбедност во сообраќајот, а во рамки на кампањата „Одговорно во сообраќајот-безбедност пред се“, денеска пред училиштето „Гоце Делчев“ во Босилово ученици ја обележуваа хоризонталната сигнализација на еден од постоечките пешачки премини, а се делеше и едукативен материјал за подигање на свеста кај сите учесници во сообраќајот.

Настанот го организираа РСБСП, Општина Босилово и Секторот за превенција при СВР Струмица, а претходно полицијата реализираше едукативно предавање за безбедност во сообраќајот на учениците од прво до петто одделение во ООУ „Гоце Делчев“ Босилово.

Зачлени се на нашиот е-билтен