СДСМ бара одговор зошто на министерот Лимани му е забранет влез во САД


СДСМ бара одговор зошто на министерот Фатмир Лимани му е забранет влез во САД, нарекувајќи го тоа скандал кој става прашалник околу тврдењата на премиерот христијан Мицкоски дека има стабилни односи со САД и нивна поддршка.

-Скандал до скандал во Владата на Мицкоски. Иако тврди дека гради стабилни односи со САД, премиерот крие од јавноста дека неговиот министер, Фатмир Лимани, добил забрана за влез во САД. Поради ова, тој бил принуден да ја откаже планираната посета, а Владата молчи за причините за оваа драматична одлука.

Ова отвора сериозни прашања за кредибилитетот на владините претставници и за политиката што ја води Мицкоски. Доколку тој навистина ужива поддршка од американската администрација, како што често тврди, сега е моментот да го докаже тоа со конкретни чекори.
Во спротивно, неговата тишина само ќе потврди дека во Владата се толерираат контроверзни личности.

Јавноста има право да знае: кои се причините поради кои Лимани е прогласен за непожелен во САД? Дали ова значи дека тој е вмешан во скандал што ја загрозува меѓународната репутација на земјата- порачаа од СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен