СДСМ: Цените до плафон, платите во место, граѓаните тонат во сиромаштија

СДСМ ја обвини Владата на Христијан Мицкоски дека со одбивањето на предложените мерки за повисоки плати и поддршка на граѓаните го продлабочува осиромашувањето. Партијата во соопштение тврди дека трошоците за живот од почетокот на годината пораснале за 4.000 денари, додека приходите на голем број работници остануваат недоволни за основните семејни потреби.

Според бројките што ги наведува СДСМ, октомвриската синдикална минимална кошничка надминува 70.000 денари, а со вклучена кирија достигнува речиси 90.000 денари. За покривање на кошничката со кирија, посочува партијата, не се доволни ниту три минимални плати.

Во соопштението се наведува дека околу 180.000 работници примаат помалку од 31.200 денари месечно, додека минималната плата останува на околу 26.000 денари.

„Работникот работи цел месец, а платата не му стигнува за живот“, порачуваат од СДСМ, спротивставувајќи ја оваа слика на владините тврдења за економските резултати.

Партијата го обвинува Мицкоски дека ги одбил нејзините предлози за минимална плата од 600 евра, заштита на животниот стандард и поддршка на земјоделците. Според СДСМ, Владата цела година не реагира со соодветна помош на растот на цените.

Од партијата предупредуваат и на најави за можни нови поскапувања од јануари наредната година, вклучително и повисоки сметки за струја и парно. Тие оценуваат дека граѓаните остануваат без доволна заштита пред новите енергетски притисоци.

Критиките се однесуваат и на новиот ребаланс на буџетот. СДСМ тврди дека тој не носи повисока минимална плата, мерки против поскапувањата или помош за земјоделците, туку нови задолжувања и каматни обврски. Во соопштението партијата изнесува и тврдење дека долгот пораснал за четири милијарди евра во две години.

СДСМ ја обвинува власта дека дава предност на партиските тендери пред потребите на работниците. Партијата повторно ги посочува зголемувањето на минималната плата, заштитата од поскапувања и поддршката за земјоделците како мерки што Владата треба да ги преземе.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?