СДСМ: Дали Жан излезе со клевета за Филипче за власта да го повлече Кедев?

СДСМ

Сашко Кедев се повлекол од Здравствениот Собет на Министерот Алиу после еден од најстрашните скандали во македонското здравство, со непотребни операции на срце направени во приватни клиники. За овој скандал, од објавувањето до денеска нема ништо, никој не одговарал. Не се објавени инволвираните, лекарите, кои се приватните клиники? 

Ова се истакнува во соопштението на СДСМ и посочуваат дека многу одговори се кријат од јавноста, како на пример, Зошто Жан Митрев сè уште нема поднесено ниту една кривична пријава.

Од СДСМ прашуваат дали Жан Митрев излезе со клевета за претседателот Филипче, за власта да го повлече Кедев? Ова ли е цената што треба сите да ја платат за да се заштити Жан Митрев од одговорност?

Во серијата прашања за кои нема одговор се и овие: Каде е Жан? Дали се чекаше ова? Да добие време да се извлече, да избега, да се сокријат трагите?

СДСМ порачува дека „за ваков скандал никој нема право да молчи и да калкулира. Нашата порака е дека ќе одговарате, сите до еден“.

Зачлени се на нашиот е-билтен