СДСМ денеска на конгрес за консолидација и статутарни измени

СДСМ
Фотографија од Архивата на СДСМ

Опозициска партија СДСМ ќе го одржи својот 31. Конгрес. Највисокиот орган на партијата ќе заседава во исклучително турбулентен период, три месеци по слабиот резултат на локалните избори освојувајќи околу 150.000 гласови.

Ивештајот за локалните избори ќе биде една од точките на денешниот дневен ред на Конгресот, тема на која се очекува широка дебата.

Конгресот се одржува во атмосфера на внатрешни превирања по изборните порази. Додека лидерот Венко Филипче се обидува да ја задржи контролата, внатрепатиско опозициско крило предводено од некои поранешни функционери бара одговорност, обвинувајќи го раководството за повеќе прашања.

Според информациите што се појавија во пресрет на денешниот Конгрес, членовите на СДСМ ќе расправаат и за измени на Статутот на партијата.

Информациите велат дека претседателот на партијата Венко Филипче ќе побара зголемување на бројот на членови на Централниот одбор кој сега брои 128 лица, како и зголемување на членовите на Извршниот одбор каде сега се 13 лица.

Пред делегатите ќе биде претставена и Платформата за идни активности на партијата.

Пред конгресот се појавија и шпекулации за потенцијален раскол во пратеничката група на СДСМ во Собранието. 

Сепак, актуелните пратеници и функционери, како потпретседателката Јована Тренчевска и поранешниот министер Оливер Спасовски, ги демантираа овие тврдења, нарекувајќи ја пратеничката група „компактна“ и истакнаа дека местото за решавање на проблемите е внатре во партијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен