СДСМ: ЕУ даде 200 милиони евра за судството, а Мицкоски си поставува свои обвинители и судии

СДСМ

ЕУ ѝ обезбеди околу 200 милиони евра поддршка на Македонија за владеење на правото и правосудството, а Мицкоски тргна во процес да поставува свои обвинители и судии.

Како ќе реагира ЕУ по толку вложени средства за да ѝ помогне на Македонија на патот на интеграциите? Кога ќе види усвоен закон за правосудство што не е во согласност со препораките на ЕУ и кога ќе види дека Мицковски ги поставува сопругите на своите колеги од ВМРО за судии и обвинители?

Овие констатации и прашања се во преден план на соопштението на СДСМ, во кое партијата уште прашува: Дали ова е патот по кој Македонија ќе оди кон интеграција или кон изолација?

Во реакцијата на СДСМ, која ја пренесуваме како што ја добивме, уште се наведува:

Европската комисија во последниот Извештај за Македонија нотираше сериозни слабости во правосудството, борбата против корупцијата, слободата на медиумите и во работењето на Собранието.

Наместо реформи Владата намерно отвора кавги со соседите, за да ја оправда изолацијата и да ги блокира преговорите.

Води анти ЕУ кампања со обвинувања дека Европа е виновна.

Вицепремиерот и прв соработник на Мицкоски, Иван Стоилковиќ на на прослави е со анти-ЕУ пратеници и со „Ноќните волци“ на Путин.

Прославува со министри од кои ги чека судење во соседна Србија, додека Собранието усвојува нови закони, како и Мицкоски во Македонија, за целосна контрола врз судиите и обвинителите. А видовме како реагираше ЕУ.

Дали тоа е патот по кој Македонија сака да оди – да стане Белорусија на Европа, кинеско предградие – или сака да стане членка на европското, демократско семејство?

Високи 71% од граѓаните даваат поддршката за членство во ЕУ што значи дека  политиката на изолација на ВМРО оди против волјата на народот.

Зачлени се на нашиот е-билтен