Како што најави на вчерашната прес конференција потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, на веб страницата на партијата се објавени детални мислењата и забелешки на работната група на опозициската партија која според претходниот договор на лидерскиот состаноко Мицкоски-Филипче, требаше да учествува во доусовршувањето на законските измени од реформска агенда во делот на судските реформи.
Наместо тоа, работната група, како што соопшти Чупеска се соочила со „недозволив недостаток на одговорност и срамно отсуство на соработка од владините институции, особено од страна на Министерството за правда.
Наместо да биде прифатена понудената експертиза за реализација на државните приоритети поврзани со реформскиот процес, работната група на СДСМ се соочила со „шокантна неподготвеност и целосно отсуство на свест за неопходноста од итно спроведување на реформска агенда – од што, како што знаеме сите, директно зависи квалитетот на нашиот живот“.
Заради таа нереспонзивност на Министерството за правда, а со цел јавноста да биде запознаена со анализите на работната група на СДСМ, тие сега се јавно достапни на сајтот на СДСМ за цела јавност да може да ги види, а со тоа и сами ќе се уверите дека оваа Влада не е посветена на вистински реформи, туку нејзин фокус е контрола овозможена со популизам.
Ова се линковите на јавно објавените предлози за закони, кои уредно се архивирани и во Министерството за правда: