СДСМ го поздрави ставањето на Груби и судијата Беџети на црната листа на САД

СДСМ ја поздрави одлуката на Стејт департментот на САД за ставaње на нови лица од државата на црната листа. Во соопштението на партијата се истакнува дека СДСМ ја смета за исклучително значајна поддршката на стратешките партнери на Северна Македонија во борбата против корупцијата и криминалот. 

Сите сомнежи за корупција мора да бидат истражени и санкционирани без компромис од страна на правосудните органи во Северна Македонија, посочуваат од СДСМ. „Го охрабруваме целиот правосуден систем во државата да работи посветено и без двоумење на расчистување со сите форми на криминал и корупција, со цел да обезбеди праведност и еднаквост за сите граѓани“.

„СДСМ останува доследна во својата заложба за изградба на праведно општество, во кое владеењето на правото и отчетноста ќе бидат темелите на нашата иднина“, се вели во соопштението.

Зачлени се на нашиот е-билтен