Пратеничката на СДСМ и поранешна директорка на УЈП Сања Лукаревска денеска на прес конференција соопшто дека најголемата опозициска партија ќе достави во Собранието предлог за донесување закон за ослободување на дел од придонесите на работодавачите во приватниот сектор за да ги зголемат платите на своите вработени за износ од 3.000 до 15.000 денари, без да мора да плаќаат придонеси за тој зголемен дел.
Лукаревска објасни како да се постигне тоа.
Со предлог законот придонесите за пензиско, здравствено и социјално осигурување се замрзнуваат на просекот од последните три исплатени плати на работникот. Ова замрзнување важи во период од една година, што значи дека работодавачите нема да имаат дополнителен финансиски товар при зголемување на платите.
Мерката што се предлага, вели Лукаревска, се однесува за работници за кои компаниите исплаќаат нето плата која не е повисока 65.380 денари. Вакви работници има околу 400.000 кои би можеле да добијат повисоки примања без зголемени трошоци за компаниите.
Според Лукаревска, ако се преточат овие бројки во примерип просечното зголемување на платата биде 7.500 денари за 400.000 вработени, тогаш вкупното покачување на платите на национално ниво би било 585 милиони евра.
Односно подетално, 400.000 работници × 7.500 денари во просек × 12 месеци = 36 милијарди денари или 585 милиони евра) дополнителен приход за граѓаните годишно, посочува Лукаревска.
Таа укажува дека иако работодавачите нема да плаќаат придонеси за ова зголемување, тие сè уште ќе плаќаат данок на личен доход (10%), што значи дека во државниот буџет ќе се слеат 58,5 милиони евра дополнителни приходи од данок на личен доход.
Во реалноста, истакнува Лукаревска работниците добиваат поголеми плати, што значи повисок животен стандард. Компаниите не се оптоваруваат со дополнителни трошоци, што ги охрабрува да инвестираат во своите вработени, а државата добива повисоки приходи, без да воведе нови даноци или да зголеми буџетски трошоци.
Оваа мерка е паметна, правична и издржана, оценува Луаревска и го поттикнува растот на платите, ја зајакнува економијата и создава стабилност и сигурност за работниците и компаниите.
Затоа СДСМ го повикуваме парламентарното мнозинство и Владата да го поддржат овој закон.
„Нема никаква оправдување зошто ова законско решение не би било изгласано. Ова не е политичко прашање – ова е прашање на животниот стандард на граѓаните. Ако власта го одбие овој закон, тоа значи дека свесно се спротивставува на зголемувањето на платите и на подобрувањето на економската состојба“, нагласува Сања Лукаревскја. „Очекуваме одговорност, очекуваме поддршка и очекуваме сите пратеници во Собранието да застанат зад интересите на граѓаните“.
Од СДСМ повикуваат дека платите мора да растат и дека е време за вистински мерки, а не за празни ветувања.