СДСМ бара оставка од директорот на Фондот, Сашо Клековски бидејќи, според нив, за само 11 месеци го испразниле Фондот за здравство во бездна, болниците не функционираат, здравствениот систем е на колена. Според опозицијата, судејќи по последната изјаба на Клековски, се подготвува и зголемување на приддонесот за здравствено осигурување.
-Здравството се распаѓа пред очите на граѓните, а ВМРО-ДПМНЕ и Клековски зборуват за зголемување на придонеси. Во само 11 месеци, ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ го турнаа Фондот за здравство во бездна. Болниците не функционираат, фондот е празен, а системот е на колена.
Во Кочани – нема ниту завои, ниту инфузии, ниту лекови. Луѓе легнуваат по ходници, се чека со месеци за терапија, а владините партнеру уште не може да се договорат кој ќе биде министер откако диловите во здравството им пропаднаа.
Наместо да ги расчисти криминалните тендери, да обезбедат лекови во болниците, да обезбеди вработувања и услови – Владата најавува зголемување на придонесите! Тоа значи: повеќе ќе ви земаат, а уште помалку ќе добиете. Сашо Клековски, директорот на Фондот, отворено зборува дека тоа е следниот чекор. Зголемување на давачките. Нов товар за секој работник, секое семејство, секој стопанственик. Прашањето е: каде се парите од придонесите досега? Кој профитира додека пациенти страдаат? Дали фалат пари само затоа што на две фирми им се даваа огромни буџети од Фондот?Зголемување на здравственото осигурување не е реформа. Тоа е обид за покривање на неспособноста. Кој профитира од страдањето на пациентите? Кој прави бизнис со здравјето на народот? Граѓаните не смеат да ја платат цената за неспособноста на оваа власт. Бараме оставка од Клековски, порачаа од СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак возвратија со омилената тема – тетовската модуларна болница, каде според нив Венко Филипче анексирал договори за градба за да се спаси од прогон.
„Венко Филипче кој дозволил да се изгради модуларната болница во Тетово со неогноотпорни материјали, денови по пожарот склучува анекс со фирмата изведувач да ги промени панелите од кои се изградени контејнерите со огноотпорни.Имено Венко Филипче склучува анекс на договор со фирмата која ги гради модуларните болници и ја зголемил цената за 20%, само за да се променат материјалите во другите болници низ државата.Зошто Венко Филипче побрзал да склучи договор за промена на материјалите од кои се изградени модуларните болници?
Зошто претходно Филипче дозволил таквите болници да се користат, а веднаш по пожарот побрзал да ги промени панелите? Зошто веднаш ја зголемил цената за 20%? Дали тие 20% се причината за пожарот во Тетово и смртта на 14 луѓе? Дали Венко Филипче морал неминовно да го анексира договорот за 20%, затоа што тие пари претходно завршиле во нечиј џеб? – прауваат од власта.