СДСМ: Криминалната Влада на Мицкоски молчи за тендерите од 9 милиони евра 

СДСМ

Помина цел ден, а Владата на Мицкоски како да зенемела за скандалот што го објавивме, нема одговор на ниту едно прашање што го поставивме. Криминалната Владата молчи за тендерите од 9 милиони евра за фирма со двајца вработени формирана минатата година.  

Па зарем немаат што да им кажат на граѓаните? Или им ги фативме криминалните шеми на кој начин преку „најповолни“ понуди се местат тендери, па се бранат со молчење?

Ова се истакнува во соопштението на СДСМ денеска, коешто во продолжение го пренесуваме во целост: 

Станува збор за парите на граѓаните, речиси 9 милиони евра. Нека не се надева власта дека молкот може да ги спаси, одговорност за криминалот ќе има.

Тоа што ДПМНЕ одговара во име на институциите е дополнителна потврда дека криминалните шеми се направени во Белата палата. Затоа ги знаат сите детали за тендерите.  

Ова што се случува во Македонија е организиран грабеж за испумпување на парите на граѓаните преку наместени тендери во едни исти фирми. Тоа е истата криминална шема на Никола Груевски кој испупмпа 2 милијарди евра а денеска е бегалец од правдата.

Ученикот Мицкоски само го прави она што научил од неговиот ментор и учител.  

СДСМ ќе продолжи, со факти, со докази, со аргументи и документи да го разобличува криминалот на владата на Мицкоски.

Јавното обвинителство, ДКСК, сите институции треба да се вклучат, да направат независна истрага и да делуваат.

Работата сè уште не е завршена.

Зачлени се на нашиот е-билтен