СДСМ: Максим Димитриевски е прочитан, нема бегање од скандалот со златните парцели

СДСМ во соопштението до медиумите посочува дека „луѓе фатени во корупција ниту може некого да прозиваат а уште помалку да се претставуваат како некаква морална алтернатива“ и му порачаа на лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски:

Максиме, нема бегање од вистината, сè излегува на виделина. Тоа досега требало да ти биде јасно. Како што излезе и корупцискиот скандал со златни парцели поврзани со тебе и твојот кум. Народот чека одговори и бара одговорност.  Погледни ги граѓаните во очи и кажи. Како се вртат 350.000 евра преку бизнис зделки во твојата општина? Максиме, прочитан си до максимум. И од членовите на ЗНАМ и од граѓаните, затоа ти бега членството.

Од СДСМ потсетуваат дека „откако СДСМ ја искористи за личен бенефит, ЗНАМ ја направи само да биде алатка за неговите бизнис интереси и лично богатење, параван за слугувањето кон ВМРО ДПМНЕ. Тоа веќе сите го знаат“.

„Македонија ќе ја биде кога од политичката сцена ќе се искоренат полуписмени и криминализирани луѓе кои политиката ја користат само за да украдат нешто, макар и еден пар чизми“, му порачаа на Димитриевски од СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен