СДСМ: Мицкоски да не избрзува, економските политики на оваа Влада ќе се мерат догодина

Нема поголема потврда за успешноста на економските политики на СДСМ во тешки услови на глобална економска и енергетска криза од денешната прес конференција на Мицкоски, реагираа денеска од СДСМ на прес конференцијата на премиерот за економските политики на Владата.

Од СДСМ посочуваат:

Денеска Мицкоски се пофали со резултатите на економските политики на СДСМ во изминатите години, за што му благодариме.

Политиките на СДСМ успешно одговорија на глобалните предизвици, ги зачуваа работните места и стандардот на граѓаните, ја намалија растечката инфлација, додека платите и пензиите растеа.

СДСМ врати над 2,6 милијарди евра назад кај граѓаните со 9 пакети економска помош за граѓаните но и за компаниите во време на тешка криза.

Инфлацијата ја намаливме на ниво пред кризата а платите ги зголемивме на историски највисоко ниво.

Затоа и минатата 2023 година македонскиот БДП имаше реален раст од 2,1% иако економски беше  далеку потешка и посложена.  

Истото се однесува и во однос на директните странски инвестиции кои оваа година се рекорни поради успешните политики на СДСМ, 99% се започнати во време на СДСМ а сега само се реализираат.

Тоа што сега го зборува Мицкоски е резултат на тие добри економски политики на СДСМ и му благодариме за признанието.

Сепак треба да знае дека неговиот резултат и политиките на оваа Влада на ДПМНЕ ќе се мерат наредната 2025 година, почнувајќи од првиот до последниот квартал. Тогаш јавноста ќе види што испорачал.

Ако во првите 6 месеци гледаме целосно погрешни економски политики, граѓаните осиромашуваат а платите не растат и економските резултати 2025 година ќе бидат полоши.

Зачлени се на нашиот е-билтен