Изборот на в.д. обвинителка нов доказ: Власта сака целосна контрола и затоа Мицкоски брза да го стави под свои канџи обвинителство и судството.
Ова го тврди СДСМ во соопштение утрово како реакција на изборот на в.д. државна јавна обвинителка Анита Топалова Исајловска.
Во соопштението, што го пренесуваме во целост, понатаму се наведува:
Целта е целосна контрола над обвинителството и погребување на правдата за спас од одговорноста за криминалните тендери кои врват зад грбот на граѓаните.
Изборот на новата в.д државна јавна обвинителка е уште еден доказ за тоа.
Анита Топалова Исајловска е позната како обвинителка која бараше да се укине предметот Талир во кој беше обвинет и Никола Груевски а се однесуваше на незаконско финансирање
на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа е сопруга на Илија Исајловски, поранешен заменик министер од ВМРО-ДПМНЕ.
Дали сега на сите им е јасно што се случува?
Исто како во времето на Груевски.
Нема да ви помине!
Сите ќе одговарате!