СДСМ: Мицкоски ти веруваме, многу ти веруваме

СДСМ

Му веруваме на Мицкоски бидејќи тој е познат по тоа што кога нешто ќе каже го исполнува. Како на пример поништувањето на Преспанскиот договор, враќањето на името, најавената оставка ако се утврди поврзаност со Агенцијата за обезбедување од Пулс и многу многу други „вистини“.

На овој начин СДСМ го коментира Мицкоски кој денеска на прес конференција се повика на интервју на британскиот амбасадор дека немало договор за мигранти.

Со ироничен тон СДСМ истакнуваат дека веруваат дека случајно британските медиуми, меѓу кои и Тајм објавија за што се разговара и дека веруваат дека случајност е потегот на ВМРО-ОКГ да донесе Декрет во Собранието за да забрани да се зборува за темата. 

Толку многу веруваме, се вели во реакцијата, дека е случјано и тоа што ВМРО-ОКГ не прифати да ја потпише Резолуцијата на СДСМ со која би се ставила точка на оваа тема.

Зошто да се стави точки на темата со Резолуција во Собранието, прашуваат од СДСМ во соопштението што во продолжение ви го пренесуваме во целост:

Истот ака е случајно што Владата на Мицкоски донесе одлука за нови 10.000 странски работници само во 2026 година, со што ги отвори вратите за така наречените „економски работници“.

Многу е случајно тоа што Власта го смени и Законот за странци, со кој ги олесни условите за доаѓање, престој и работа на „економски работници“ во Македонија, ги скрати процедурите, ги продолжи времетраењето на дозволите.

Веруваме дека случајно во истиот пакет е и тоа што власта  странски компании отпуштаат македонски работници за да задржат претежно работници од странство.

Како да не веруваме кога Мицкоски зборува за кампови и центри а никој освен него не ги споменува. Тие ќе си бидат сместени нормално, затоа и законите ги променија, тоа се „економски работници“.

Случјано во Британија се најавува нов модел за доброволно враќање на семејствата кои се одбиени баратели на азил со плаќање на 10.000 функци по лице до максимум 40.000 фунти, како поттик да го напуштат Обединетото кралство. 

Веруваме дека сето ова е случајно, не се тоа „мигранти“, тоа се „економски работници“.

Многу веруваме.

И граѓаните многу веруваат Мицкоски.

Зачлени се на нашиот е-билтен