СДСМ: МВР набавува сомнителен софтвер за прислушување

МВР набавува сомнителен софтвер за прислушување и со тоа ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки, сметаат од СДСМ. 

Ова денеска на прес конференција го изјави Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ, кој истакна дека тоа е повторно воспоставување на режимските практики, на контрола преку заплашување и прислушкување на новинари, активисти и неистомисленици на власта.

Во изјавата на Костовски уште се посочува:

На почетокот на мај оваа година МВР потпишало Договор за набавка на софтвер кој се користи за прислушкување и шпионажа на телефонските уреди.


Дали следењето и прислушкувањето новинари, активисти и политички неистомисленици се таргет на МВРО-ВМРО?


Софтверот “Селебрајт Инсајтс Про” како и “НовиСпај” се алатки развиени за потребите на српската Безбедносно информативна агенција.


Проблематично е тоа што во светските медиуми и официјални соопштенија на Гугл, за овој софтвер се наведува дека бил користен за следење на новинари и активисти.


“Амнести интернешнл” во својот извештај објави целосно истражување и форензички резултати за овие случувања.


Сега МВР набавува годишна лиценца за софтвер Cellebrite Inseyets Online Pro, годишна лиценца за Recon ITR, Recon Lab, Exterro FTK Enforcement Bundle за 9 милони денари.


Ова се скандалозни и загрижувачки информации.


Зошто МВР го избра најсомнителниот софтвер, познат по низа скандали и незаконско следење? 


Ќе се прислушкува ли повторно „на големо“ и тоа без соодветни одобренија од правосудните органи? 


Ќе има ли кој да контролира и како би се контролирало недозволено следење, снимање, упад во комуникациите на граѓаните?


МВР должи одговори на јавноста.

Зачлени се на нашиот е-билтен