СДСМ: Не ќе да е само една слика со криминалци

СДСМ

Кога се појави фотографијата со криминалецот С.З., познат како Симе, уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари, од ВМРО рекоа дека станувало збор за „исклучиво само една фотографија“. Но, еве и втора фотографија.

Значи, велат од СДСМ во денешното соопштение, дека не е само една слика со криминалци. Нема одговор за сликата на Мицкоски со криминалецот Симе.

Во нивната денешна реакција СДСМ прашува: Дали сега одговорот ќе биде дека се работи за „исклучиво само две фотографии“?Јавноста има право да знае: Каква е поврзаноста меѓу Мицкоски и криминалец од ваков калибар?

Ништо не е случајно, истакнуваат од СДСМ, прво корупција, потоа криминални тендери, па злоупотреби на европски пари, а сега слики со тешки криминалци, се наведува во соопштението на опозициската партија.

Како што самото ВМРО вели, за нив сè е приватен бизнис, но граѓаните заслужуваат одговор, се вели во соопштението на СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен