Новата сила, енергијата и ентузијазамот кој беше многу видлив на вчерашниот Конгрес на СДСМ ја вознемири ДПМНЕ, се истакнува во соопштението на СДСМ како реакција на прес конференцијата на Миле Лефков од ДПМНЕ.
„СДСМ покажа дека се издигнува после пораз, а Конгрес е пресвртница во опозициското дејствување на партијата. Внесовме нова енергија во нашите редови. Ги отворивме вратите за сите кои се блиски до социјалдемократски идеи и вредности“, се нагласува во соопштението.
Новиот Централен одбор на СДСМ, посочуваат од партијата, го сочинуваат поединци кои се почитувани во својата заедница, кои знаат да го почитуваат членството и граѓаните и кои ќе работат во најдобар интерес на сите граѓани.
„Изборот на нова заменик претседателка на СДСМ Фани Каранфилова Пановска е додадена вредност на партијата каква што ДПМНЕ никогаш немала“, потенцираат од опозициската партија.
Партијата со белиот дворец, укажуваат од СДСМ, не може да го смисли прогресивното граѓанско општество, затоа и невладините организации и неистимислениците отсекогаш биле таргет на ДПМНЕ.
„Ја разбираме нервозата од владејчката ДПМНЕ која не успеа да испорача ниту едно ветување и која има катастрофални резултати од работењето за само 5 месеци од мандатот“, се истакнува во соопштението на СДСМ како реакција на прес конференцијата на Миле Лефков од ДПМНЕ..