СДСМ денеска на прес конференција на која се обрати Мартин Костовски – организациски секретар, ги објави, како беше речено, доказите кои потврдуваат дека вицепремиерот Изет Меџити незаконски ги заобиколувал институционалните процедури, со цел лично да одлучува кои документи и предмети ќе бидат одобрени или стопирани.
„Документите кои до нас ги доставија свиркачи, а кои ги презентираме денес, покажуваат дека Меџити ги пречекорувал своите законски овластувања, лично потпишувајќи ги сите предмети, без законска основа и без почитување на процедурата за административно постапување“, истана на прес конференцијата организацискиот секретар на СДСМ Мартин Костовски.
Со тоа, рече Костовски, Изет Меџити не само што вршел злоупотреба на позицијата, туку се отвора и сериозно сомневање дали на овој начин сакал да воспостави контрола и да има простор за уцени кон фирмите и граѓаните.
Костовски уште укаѓжа дека поради оваа груба злоупотреба, Државниот управен инспекторат со Решение Бр. 11-1653/2024 од 17.01.2025 година официјално ги одзел ингеренциите на Меџити во делот на потпишувањето на административни документи.


„Со ова решение јасно се потврдува дека незаконските постапки на Меџити биле детектирани и санкционирани“, посочија од СДСМ.
За СДСМ ова не е прв скандал во кој Меџити е вмешан.
„Најпрво, јавноста беше сведок на неговите партиски вработувања, а сега гледаме дека истиот човек, спротивно на законот, создал сопствен систем за потпис и одлучување, што отвора сомнежи за корупција и мито“, рече Мартин Костовски.
Од прес конферемцијата Костовски упати прашување до Христијан Мицкоски до кога ќе го штити Изет Меџити? Дали Меџити ќе го доживее истото сценарио како Артан Груби, кој по бројните злоупотреби избега од правдата токму со аминување на ВМРО-ДПМНЕ?
Од СДСМ очекуваат Мицкоски јавно да им се извини на граѓаните за ваквите постапки на својот најблизок соработник и конечно да го разреши од функцијата.
„СДСМ ја повикува Државната комисија за спречување на корупција и Јавното обвинителство веднаш да отворат истрага и да постапат во согласност со законот“, нагласи организациониот секретар на СДСМ Мартин Костовски и потенцираше дека „зад наводниот патриотизам на Мицкоски и ДПМНЕ се крие груба корупција и манипулација со државните институции и дека е време е да се стави крај на оваа злоупотреба“.