СДСМ објави нов скандал на Тошковски: Тендер од 4 милиони евра доделен на фирми со само 2 вработени, основани непосредно пред тендерот

Системската корупција во Министерството за внатрешни работи под водство на Панче Тошковски достигна нови димензии, со скандалозен тендер вреден речиси 4 милиони евра, кој е доделен на компании без никакви релевантни капацитети и искуство.

Фирмата „Ле Бранд Дизајн“ од Битола, која има само двајца вработени и просечен годишен приход од околу 20.000 евра, доби тендер вреден над 2 милиони евра за шиење специјални полициски униформи. Истовремено, фирмата „Памитекс Тим“, основана само 20 дена пред распишувањето на тендерот и без претходна историја на јавни набавки, доби договор од 1.710.000 евра.

Министерството под управата на Тошковски ги отстрани сите критериуми кои би овозможиле транспарентна и правична конкуренција, вклучително и услови за претходно искуство и проверка на реални капацитети.

Од СДСМ повикуваат на итна интервенција од Јавното обвинителство за истрага за злоупотреба на службена положба, местење тендер и можно перење пари, како и поништување на тендерот и распишување нова, транспарентна постапка.

Документи 1
Документи 2
Документи 3

Зачлени се на нашиот е-билтен