СДСМ: Обвинителството да го расчисти сомнежот со злоупотребени европски пари во Еразмус+

Од партијата СДСМ и денеска го повикаа Обвинителството да го расчисти сомнежот со злоупотребени европски пари во Националната агенција за европски образовни програми Еразмус+.

Во соопштението до медиумите се наведува:

Скандалот со вмровските шеми во Еразмус+ вреден милиони евра мора целосно да биде расчистен од страна на Обвинителството и да следи одговорност, повика СДСМ во соопштение кое МИА го пренесува интегрално: 

Владата назначи лице под активна истрага на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) за в.д. директор на Националната агенција.

Тоа јасно ја покажува намерата на власта да ги штити партиските и бизнис интереси по секоја цена, да се обиде да влијае на случајот којшто е во Јавното обвинителство откако ОЛАФ го достави извештајот со сите наоди.

Официјалниот извештај на ОЛАФ од 2023 година наведува постоење на основан сомнеж за злоупотреба на над 2,2 милиони евра европски пари во период на владата на Груевски, почнувајќи од 2016 година. 

Владата веднаш треба да ја разреши Ана Михајлов а Јавното обвинителство без одлагање да постапи по наодите на ОЛАФ.

За злоупотреби нема место во образованието. Одговорност мора да има.

Зачлени се на нашиот е-билтен