СДСМ од денеска почнува со објавување на „Вистината за Кочани 2“

СДСМ денеска стартува со новата кампања „Вистината за Кочани 2“, продолжение на партиската серија објави за, како што велат, „борба за вистина и правда во Кочани“. Од утрово партијата најавува нови факти, аргументи и информации поврзани со случајот „Пулс“ и прашањето колкави донации од осомничените за овој предмет примила ВМРО-ДПМНЕ – прашање на кое, според СДСМ, опозицијата сè уште молчи.

Деталите ќе бидат соопштени на прес-конференција што ќе се одржи во 11.30 часот во партиското седиште, на која ќе се обрати портпаролката Богданка Кузеска.

Зачлени се на нашиот е-билтен