Елена Петрова брутално и без трошка осет за одговорност ја лаже јавноста за повратот на ДДВ, реагираат од СДСМ во соопштение до јавноста.
Од таму посочуваат дека е „доволно е да поразговарате со компаниите и менаџерите за да ја слушнете вистината – повратот на ДДВ доцни постојано. Оваа пракса на задоцнето ДДВ не е непозната за ВМРО-ДПМНЕ тие така владееја во време на режимот, така владеат и сега“.
Нема никаква промена и главната цел е притисок врз компаниите и задржување на средства кои нив им се потребни за работење, истакнуваат од опозициската партија.
„СДСМ повеќе пати апелираше дека ова е голем проблем и до нас стигаат секојдневни поплаки од компаниите. Наместо да го решат проблемот и УЈП да биде вистински партнер на бизнисот, тие мислат дека преку лаги може да го покријат својот неуспех и погрешни стратегии“, укажува СДСМ.