СДСМ: Појаснување за премиерот Мицкоски, да не биде во заблуда

СДСМ

СДСМ испрати соопштение со појаснување за премиерот Мицкоски, да не биде во заблуда, ако не му било јасно во Минхен, се наведува во соопштението.

Средбата со холандскиот премиер, вели имале три теми, па СДСМ му ја појаснува секоја од темите.

Прво, Холандија има легализирана употреба на марихуана. Тоа не е исто како кај нас. Кај нас станува збор за одгледување на канабис само за медицински цели. Тоа може да биде сосема друга тема, укажуваат од СДСМ.

Она што беше префрлено преку македонската граница не е медицинска, туку опојна дрога. Затоа е проблемот со овие 5 тони и со тоа кој е одговорен, порачуваат од опозициската партија.

Второто појаснување за Мицкоски е дека Светска банка и ММФ не се исто со банки со сомнителен капитал, со перење пари – тоа е проблемот, затоа не им беше дозволено да купат европска банка.

Евроинтеграциите се прават така што се прифаќаат препораките од ЕУ и не се прават намерни кавги со соседите. Интеграција не значи изолација, укажуваат од СДСМ.

Мицкоски вели и дека говорот на Марко Рубио бил „исклучиво инспиративен“, додека го слушал од клупата во Минхен.

Не знаеме, велат од СДСМ, дали му кажале како ДЕА дошла до сознанија за постоење на 5 тони дрога, произведени и потоа префрлени во Србија за понатамошна дистрибуција – можеби токму тоа го инспирирало.

Некој треба да му каже дека тоа што Рубио го рекол, а тој го повторил, дека соработката во областа на безбедноста не мора да биде само со НАТО членки, не се однесува на „Ноќните волци“ и на Русија, појаснуваат од СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен