СДСМ: Трипуновски ги пушти низ вода лозарите, владата ќе им дава 2 денари само на винариите (ФОТО)

СДСМ во соопштение до јавноста информира дека и денес министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски не собра храброст јавно да ја каже производната цена на двете најзастапени вински сорти “Вранец” и “Смедеревка”, туку продолжи да ги лаже земјоделците дека во договор со винарниците е постигната историски највисока цена.

„Пред три недели Владата далеку од очите на јавноста донела мерка на винарниците им исплати по два денари по литар произведено вино, од откупени количини на грозје од реколта 2024 година. Ама не и на лозарите“, велат од СДСМ.

Според нив ова покажува дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ги пушти низ вода лозарите.

„Од минатата 2024 година цената на грозјето е зголемена само за пола денар, што е срамно ништо да не добијат лозарите а на винарниците власта им дава два денари за литар произведено вино од реколта 2024 година, без јавно да го соопшти тоа. Минатата година, за прв пат, лозарите останаа и без субвенции по килограм предадено грозје. Ќе се повтори ли и оваа неправда пак?“, велат од СДСМ.

Според опозициската партија ова е уште еден доказ дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ не работи за земјоделците, туку им служи на олигарсите.

Зачлени се на нашиот е-билтен