Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СДСМ предлага серија на итни мерки за борба против загадениот воздух

Борбата против загадувањето е долг процес кој бара стратешки пристап, континуирана посветеност и сериозни институционални мерки. За жал, повеќе од шест месеци откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста, сведоци сме на недостиг од акција и преземање мерки, истакна во одговор на новинарско прашање, Кристина Костова – потпретседателка на СДСМ.

Костова посочи дека Скопје, Тетово, Куманово, Битола и други македонски градови постојано се на листата на најзагадени градови и дека според Светската банка, загадувањето годишно одзема живот на 2.800 наши сограѓани. „Овие алармантни податоци бараат итни институционални чекори, кои за жал целосно изостануваат“.

„Ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ за милијарда евра за чист воздух, за намалувањето на загадувањето за 50% се покажаа како голема лага“, нагласи Костова.

Потпретседателка на СДСМ Костова, како одговорна партија, предлага серија итни мерки за справување со загадувањето на воздухот:

1.            Да се донесе итно Програма за чист воздух во Министерството за животна средина. Со субвенции за домаќинствата за замена на нееколошките системи за затоплување, како и за градинките, училиштата и јавните објекти да преминат на чисти технологии. По примерот на Програмата за воздух која владата на СДСМ успешно  ја спорведуваше неколку години.

2.            Интензивни инспекциски контроли врз потенцијалните извори на штетни емисии: инсталации, сервиси, диви депонии и стрништа. Контролите врз индустријата мора да продолжат.

3.            Подобрување на градежната пракса, со контроли на градилиштата и стопирање на градежни работи во градовите со зголемено загадување.

4.            Интензивни активности за зголемување на јавната хигиена: со миење на улиците, чистење на дивите депонии и собирање на отпадот.

5.            Засилена контрола на техничката исправност на возилата, особено дизел-возилата.

6.            Работодавачите да ги ослободат од обврски бремените жени, постари лица и хронично болни во деновите со екстремно загадување.

7.            Да се направи реорганизација на работното време за работници на отворено, со скратена работа од 11:00 до 17:00 часот.

8.            Да се воведе забрана за спортски и културни манифестации на отворено при високо загадување.

Загадениот воздух не е само статистика, туку директно влијае врз животите на сите нас.  Одговорноста е кај власта и ДПМНЕ мора да ги промени погрешните политики и да почне нешто да презема, нагласи потпретседателката на СДСМ Кристина Костова.

Зачлени се на нашиот е-билтен