Вицепремиерот во владата на Мицкоски, Иван Стоилковиќ, учествувал на прослава во Република Српска заедно со „Ноќните волци“ на Путин. Сега Соединетите Американски Држави и Европа јасно гледаат со кого Мицкоски, Стоилковиќ и Максим се „стратешки партнери“: Ноќните волци на Путин.
Ова е истакнато на прес конференцијата на Симона Цветановски, членка на ИО на СДСМ.
Во продолжение интегралното обраќање на Симона Цветановски:
Кои се другите „стратешки партнери“ на Мицкоски и Стоилковиќ, освен бизнис-партнерите од СНС?
Тука е Никола Селаковиќ, српски министер за култура обвинет за скандалот со Генералштабот. Скандал поради кој зетот на Трамп се повлече од проект токму поради сомнежи за корупција и криминал.
Тука е и Алта банка, со сомнителен капитал кој бил одбиен од Европската Унија но ВМРО експресно ја реализираше во Македонија.
Што е заедничко за сето овие луѓе: сомнителен капитал, криминал и корупција.
Кога Максим од тендер коалицијата на Мицкоски зборува за мафијашки филм на ова очигледно мисли.
Прашањето е дали вака ВМРО го покажува своето „стратешко партнерство“ со САД?
Дали и путиновите „Ноќни волци“ се „билатерално наметнати“, како што Мицкоски се обидува да ги оправдува сопствените политики за изолација на земјата?
И дали утре, ако САД реагираат на тоа што неговиот вицепремиер слави со „Ноќните волци“ на Путин и со луѓе обвинети за криминал и корупција, повторно ќе слушнеме дека станува збор за нешто „наметнато“?
Она што го говори СДСМ секојдневно се потврдува.
Паниката кај власта е толку голема откако САД носат специјален Закон за Западен Балкан насочен директно кон борбата против криминалот и корупцијата.
Одговорност ќе има.
Сите ќе одговарате.