Законот за минимална плата поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалицијата е на дневен ред во Собранието. Овој закон е реален и конкретен одговор на барањата на синдикатите и на работниците – 600 евра минимална плата за достоинствен живот.
Ова го соопштија утрово од СДСМ и истакнуваат дека „сега кога не се купува нов авион има пари за минимална плата од 600 евра“.
Дополнително, пратеничката група на СДСМ веќе предложи конкретни буџетски ставки од кои може да се обезбедат средства за зголемување на минималната плата. Тоа значи – пари има, потребна е само политичка волја, се вели во соопштението.
СДСМ е на став дека „нема повеќе оправдување дека нема пари. Сите пратеници да дадат поддршка на Законот и да гласаат за 600 евра минимална плата. Без изговори. Без калкулации“.
„Време е да се укине луксузот на власта, а работниците да добијат плати какви што заслужуваат“, порачуваат од најголемата опозициска партија.